Годинашното 41. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ на 19 септември во Битола

од admin_kult

Поради пандемија со корона-вирус, 41-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ годинава нема да се одржи во својата традиционална форма, туку ќе биде одбележан еден ден, на 19 септември во Битола.

Претседателот на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) Игор Иванов – Изи на прес-конференција соопшти дека при носењето на одлуката земени се предвид искуствата од европските и светски фестивали, во консулатција со членовите, а по серија онлајн состаноци и следење на состојбата.

– Ова беше тешка одлука. Не беше лесно да ја донесеме. Никој не е среќен со неа. Но, сметаме дека направивме вистинска одлука и дека тоа времето ќе го покаже, рече Иванов – Изи. Посочи дека филмските работници или ДФРМ сметаат дека примарно државата треба да троши пари за продукција на филм и во овие услови поважно е да се снима отколку да се даваат пари за оналјн фестивал.

Директорката на фестивалот Гена Теодосиевска, пак  рече дека не била среќна кога ја слушнала одлуката на Управниот одбор и на Собранието на ДФРМ, но додаде оти до крај ќе ја испочитуваат.

Главниот настан ќе се одржи на 19 септември во Битола и ќе трае помалку еден час. Ќе се обрати покровителот на фестивалот, претседателот Стево Пендаровски, градоначалничката на Битола Наташа Петровска, а обраќања ќе имаат и директорката на фестивалот Гена Теодосиевска, претседателот на ДФРМ Игор Иванов – Изи. Со видео порака ќе се обратат добитникот на највисоката фестивалска награда и новиот претседател на ИМАГО, Острум, а присутен на овој настан се очекува да биде и добитникот на „Големата ѕвезда“ на ДФРМ.

Режисерот и сценарист Столе Попов е добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ за 2020 година, додека пак добитник на нагрaдата „Златна камера 300“ за животно дело или животен опус е полско-американскиот кинематографер Јануш Зигмунд Камински.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе