Завршија градежните работи на дел од градската скривница под градскиот плоштад во Струмица, простор кој ќе биде пренаменет во уметничка галерија,.
Вкупната корисна површина на пренаменетиот простор е 319 метри квадратни, а според проектот предвидени се изложбен простор, депо за слики, дневно депо, канцеларија, бифе и простор за седење и санитарни јазли. Галеријата ќе биде и место и каде што ќе може да се организираат приеми, промоции и слични настани.
Вредноста на проектот е 7.436.138 денари, средства обезбедени од Општина Струмица и Министерството за култура.
Во тек е и изградба на настрешница на влезот во Уметничката галерија. Работите на пренамената на проесторот се очекува да завршат во текот на март оваа година кога и официјално Уметничката галерија ќе биде предадена во употреба.