Во Подгорица продолжува меѓународното претставување на „Три сестри и Наташа П.“

од admin_kult

Претставата „Три сестри и Наташа П.“ од Антон Чехов, во режија на Наташа Поплавска, утревечер (10 септември) ќе биде изведена на Фестивалот на интернационални алтернативни форми (ФИАТ) во Подгорица, Црна Гора.

Ова меѓународно гостување следува по успешните изведби на претставата на: Интернационалниот театарски фестивал „Нишвил“ во Ниш, Србија; Интернационалниот фестивал „Фемарт“ во Приштина, Косово; Фестивалот „Млад отворен театар“ во Скопје, кои беа реализирани во услови на пандемија.

Претставата „Три сестри и Наташа П.“, која е копродукција на „Арт медиа“ и Националната опера и балет, е направена непосредно пред пандемијата, а премиерно беше изведена во декември 2019 година. Ова дело, во режија на Наташа Поплавска, ја следи драмата „Три сестри“ на Чехов со фокус на ликот Наташа Прозорова, сопруга на Андреј Прозоров, братот на трите сестри: Олга, Маша и Ирина.

Музиката во претставата ја изработи музичарот и композитор Огнен Анастасовски, дизајнот е на Емил Петров, кореографијата ја изработи Олга Панго, а соработник е и  Милчо Александров, кој е автор на светло-дизајнот.

Претставата, а и меѓународното гостување во Подгорица, се реализира со поддршка од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе