Во трите галериски простори на Музејот на современата уметност – Скопје вечер ќе биде отворена меѓународната изложба „Гледај тука сум без простор“. Кураторки на изложбата се Мира Гаќина и Јованка Попова, кои селектираа 40-ина дела од севкупната уметничка колекција (249 дела) со која располага „Дојче телеком“, во чие депо се наоѓаат прогресивни, современи уметнички дела на над 70 автори од над 20 земји од источниот и од југоисточниот дел на Европа.
Уметничката колекција на „Дојче телеком“ е иницирана во 2010 година со намера да се претстават современи дела од уметници од Источна и од Југоисточна Европа, кои даваат приказ на состојбите, социјалните и политичките промени по падот на Железната завеса. Меѓу современите автори, во колекцијата на „Дојче телеком“ се и дела од двајца македонски уметници – Јане Чаловски и Христина Иваноска – кои ќе бидат вклучени во изложбата на МСУ.
Изложбата ќе биде отворена до 21 ноември.