НУ Драмски театар Скопје утревечер (12 јуни) во 20 часот ќе одржи омаж со наслов „#Драмски за Конески“, настан кој се организира по повод одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на великанот и доајен на македонската литература и писменост, Блаже Конески.
Учесници во овој проект се првенците на Драмскиот театар: Катарина Коцевска Хаџи Василева, Анастас Тановски, Драган Спасов-Дац, Маја Вељковиќ-Пановска, Игор Ангелов, Лилјана Вељанова, Дејан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Зоран Љутков и Дамјан Цветановски.