Во Центарот за култура во Прилеп се отвора изложбата „Релации“ од уметникот Игор Таневски

од admin_kult

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп денеска (4 јуни) во 12:00 часот ќе биде отворена изложбата „Релации“ од уметникот Игор Таневски. Гостин во проектот е  Филип Ивановски-Пепе.

„Релации“ е проект во процес, кој започна во 2019 година, како повремена интервенција во простор од транспарентни пластични објекти и растенија, во Ботаничката градина во Скопје, додека инсталацијата „Релации“, поставена во Ликовната галерија на НУ ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, реферира на човековиот однос кон природата и кон животот, воопшто во време на изолација, сепарација и време на карантин каде што запираме на определено време со своите рутински постапки – истакнуваат од прилепскиот Центар за култура.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе