Вечер започнува 9. издание на Викенд на гордоста

од admin_kult

Со ретроспективната изложба „Заслепен од љубов“ на Франко Б., еден од најзначајните современи перформанс и визуелни уметници, вечер (2 јуни) во 20:30 часот во Музејот на современата уметност започнува 9. издание на Фестивалот за квир култура, уметност и теорија „Викенд на гордоста Скопје“.

До 9 јуни, во МСУ, во КСП ЈАДРО и во кафе-барот Шортбас, публиката ќе може да проследи повеќе содржини, меѓу кои и најновиот перформанс на латино-уметницата Нао Бустаманте од САД, која во Скопје ќе настапи со Маркус Куиланд Назарио.  Основната кураторска тема на овогодишното издание на Фестивалот е „Настрано заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти“.

Фестивалот е во организација на коалицијата „Маргини“ и ЛГБТИ-Центарот за поддршка, а се реализира во партнерство со МСУ и „ЈАДРО“, со поддршка од Фондацијата „Хајнрих Бол Штифтунг“, амбасадите на САД и на Кралството Холандија, Фондацијата „Отворено општество – Македонија“, Европската Унија во рамки на меѓународниот проект „Времето е сега“, Министерството за култура и Град Скопје.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе