Тркалезна маса на тема „Креативна Европа – Перспективите на Западен Балкан“ во МКЦ

од admin_kult

Во ЈУ Младински културен центар (МКЦ) – Кино Фросина, утре (15 јуни 2021 г.) во 10:30 часот, ќе се одржи тркалезна маса на тема „Креативна Европа – Перспективите на Западен Балкан“, на која ќе учествуваат министерката за култура, Ирена Стефоска и амбасадорот на Европската Унија во нашата држава, Дејвид Гир, заедно со организациите поддржани од пилот-акцијата на програмата Креативна Европа – Култура посветена на културната соработка со земјите од Западен Балкан.

Одржувањето на тркалезната маса е дел од тридневната програма на Министерството за култура за организирање промотивни настани на тема „Креативна Европа Дома“ посветени на искуствата во спроведувањето на програмата Креативна Европа – Култура на Европската Унија, како и на нејзината рефлексија на национално и на регионално ниво.

Настаните беа организирани од страна на Канцеларијата за Креативна Европа – потпрограма Култура во соработка со Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Канцеларијата на Креативна Европа – Култура на Република Србија, корисниците на потпрограмата Култура во периодот од 2014 до 2020 година и други партнери.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе