Телеграма со сочувство по повод смртта на познатиот виолинист и музички педагог Зоран Џорлев

од admin_kult

На неполни 54 години почина познатиот виолинист, музички педагог, поранешен член на оркестарот на Националната опера и балет, телевизиски водител и поранешен директор на „Танец“, Зоран Џорлев. „Телеграма со сочувство по повод прераното заминување на Зоран Џорлев упати и министерката за култура, Ирена Стефоска“.

„Македонската култура и уметност изгубија исклучителен музичар, професор и колега“. Џорлев со својата виолина, како уметник и педагог, но и како менаџер остави траен влог во македонската музичка култура и високи професионални вредности за многу генерации уметници. Примете искрено сочувство од мое лично име, и од името на Министерството за култура за загубата на Зоран Џорлев кој остави неизбришлива трага и со несебичниот ангажман за промоција на македонската култура, музика и фолклор како поранешен директор на Ансамблот за народни игри и песни Танец“, стои во телеграмата.

Зоран Џорлев е роден на 10 јануари 1967 година во Струмица, каде што го поминал детството. Уште во раното детство започнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1989 дипломира виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и специфичните изведби на македонските народни и забавни композиции, филмски, џез и етно теми. Работеше како професор по виолина, а беше и директор на ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје. Во периодот од 2011 до 2017 година беше директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе