Согласно со член 5 од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06 и 54/07), со наградата „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот и заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.
Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди.
Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.
Конкурсот трае од 1 до 30 јуни.
Државната награда се врачува во Собранието на РСМ на 8 декември – Ден на св. Климент Охридски. Државната награда „Св. Климент Охридски“ за првпат е доделена во 1969 година.