Стефоска во Струга: Со истата страст со која го негуваме нашиот фолклор, мора да ја сочуваме и оваа убавина впишана во листата на УНЕСКО

од admin_kult

-Фолклорот е извор на нашите култури, на нашите традиции и обичаи. Од тој извор сите се напојуваме. Затоа е важно да го негуваме за да го сочуваме. Културата и  уметноста се заедничко добро, добро кое треба да се сподели за со добрина да се помножи. Генерациите пред нас одамна ја разбраа таа порака – да се почитуваме во разликите, да си подадеме рака во маките. Ме радува кога младите генерации тргнуваат по патот на таа скапоцена животна лекција, рече министерката за култура Ирена Стефоска во Струга на отворањето на  Фестивалот на стилизирани песни и ора на албанскиот народ „Кенге Јехо“.

Во своето обраќање пред присутните Стефоска порача дека со истата страст со која го негуваме нашиот  фолклор, мора, како што рече, да ја сочуваме и оваа убавина, оваа питомина впишана во листата на  УНЕСКО како светско природно и културно наследство.

-Ако ги сочуваме и Струга и Охрид и целиот Регион, ние сме сочувале сė. Во спротивно, ќе почне пред очи да ни исчезнува и нашето минато и нашата иднина. Оваа убавина е подарок, а не наша сопственост. Како што е подарок и дарбата за пеење и за играње, истакна Стефоска.

Министерството за култура годинава го поддржа фестивалот  со речиси двојно повеќе средства од минатите години и со тоа придонесе во подигнување на професионалното ниво на оваа значајна културна манифестација која годинава го одбележува својот три децениски јубилеј.

Обраќање на министерката Ирена Стефоска на отворањето на фестивалот на стилизирани песни и ора Кенге Јехо 

 

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе