Министерката Костадиновска-Стојчевска се сретна со германската амбасадорка, Анке Холштајн

од admin_kult

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, и амбасадорката на Сојузна Република Германија во нашата земја, Анке Холштајн, на денешната средба ја потврдија заложбата за продолжување на добрите односи во областа на културата меѓу двете земји.

Стана збор за можноста за зацврстување на соработката во областа на заштитата на културното наследство, како и за начините за поголема поддршка на младите во сферата на културата и уметноста. 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе