Советот за македонски јазик ја поддржува иницијативата за именување улици по македонски писатели

од admin_kult

Советот за македонски јазик (СМЈ) на својата 42. седница одржана на 31.3.2021 година,  едногласно ја поддржа и ја поздрави иницијативата на Советот на Градот Скопје да именува две улици според имињата на нашите истакнати културни и научни дејци од 20 век: акад. Блаже Конески и акад. Славко Јаневски.

Блаже Конески и Славко Јаневски, се важен дел од македонската културна традиција. Не беше во ред дека досега тие немаа улици во градот Скопје на свое име.

Покрај познатите факти за Блаже Конески, еден од првите кодификатори на современиот македонски јазик, историчар на македонскиот јазик, поет, писател, преведувач, како и за Славко Јаневски, авторот на првиот македонски роман, „Село зад седумте јасени“, треба да се назначи дека и двајцата се членови на првиот состав на МАНУ, а Блаже Конески е нејзиниот прв претседател во два мандати.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе