Македонија треба поинтензивно да работи да се впише на светската мапа на културата, бидејќи сме малку присутни на светската сцена, смета Јасмина Шопова, од неодамна советничка на министерката за култура, која има долгогодишно искуство во УНЕСКО. Шопова соопшти дека е започната процедура за впишување на црквата „Св. Ѓорѓија“ во Курбиново во листата на светско културно богатство на УНЕСКО.