Министерката за култура Ирена Стефоска на 23 септември (среда) во 11 часот во дворот на Министерството за култура ќе одржи прес-конференција, по повод претставувањето на целите и визијата на Министерството за наредниот период.
Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери.
Напомена: Прес-конференцијата ќе биде организирана во согласност со протоколите и запазување на мерките за заштита од корона-вирусот. Задолжително е носење на заштитна опрема, а на влезот ќе се врши задолжително дезинфицирање.