Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ заедно со групата Scuola di poesia – делегација Македонија, дел од Светската унија на поети (WUP) ја пушти во дигиталниот простор осмата електронска стихозборка „Отковидување“, зборник поезија кој ја обработува темата ковид-19 и сѐ она што не окупираше глобално оваа година, а е поврзано со коронавирусот.
На околу 200 страници, зборникот со стихови „Отковидување“ претставува збир од автори кои беа дел од иницијативата #СоПоезијаПротивКорона и на овој начин го пополнуваа недостатокот од емпатија кој е секогаш носечки проблем кога човештвото е во криза.
Во книгата се застапени стотина автори меѓу кои Михаил Ренџов, Катица Ќулавкова, Веле Смилевски, Виолета Танчева Златева, Лидија Димковска, Владимир Мартиновски, Драгана Евтимова, Ненад Јолдески, Ерол Туфан, Роман Кисјов, Амир Ор и др.