Со концерт во Куманово, започнува концертната турнеја на „Кабадајс“ во повеќе градови

од admin_kult

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово денеска (5 јули) концерт ќе одржи музичкиот состав „Кабадајс“, со што ја започнува својата неколкудневна турнеја низ повеќе градови во Република Северна Македонија.

На 7 јули ќе настапат на плоштадот „Магнолија“ во Битола, а следните денови и во Прилеп и во Охрид.

„Кабадајас“ го сочинуваат талентираните музичари: Зоран Костадиновски – гитара, Џоле Максимовски – бас, Дино Милосављевиќ – тапани, Трајко Велков – труба, Благојче Трајковски – кларинет, Христијан Ристески – гитара и Џеват Рамаданоски – виолина.

Настапите низ градовите се поддржани од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе