„Скриени желби, немирни патувања“ – Роман на годината за 2020

од admin_kult

Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од авторот Владимир Јанковски е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2020 година. Книжевната награда што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“, годинава се доделува по 22. пат, а издавач на наградениот роман е „Антолог“ од Скопје. За лауреатот одлучи жири-комисијата во состав: Оливера Николова, Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и претставничката на Фондацијата Катерина Богоева.

За наградата конкурираа 40 романи, а во најтесниот круг беа и: „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски (Или-или), „Суво мастило“ од Владимир Илиевски (Македоника литера), „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски (Антолог) и „Куќа над брановите“ од Билјана С. Црвенковска (Чудна шума).

Наградата се состои од плакета, оригинална статуета и паричен износ од 150 илјади денари.

Книгата на Јанковски е национален претставник и за меѓународната книжевна награда „Балканика“. Поради пандемијата на КОВИД-19, свеченоста ќе се одржи во Тирана, Албанија, на 26 и 27 октомври.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе