Министерството нема да навлегува во „математиките“ на партиите. Културата обединува, а не пресметува. Фактот дека лани е направен долг од 3 милиони евра, на штета на културните работници и уметниците, доволно говори за ланската математика која била правена во Министерството, а сега е предмет на финансиската полиција.
Министерството за култура останува доследно на ставот дека основни критериуми според кои работеа комисиите одлучувајќи по пријавите за Годишниот конкурс беа: квалитетот на проектите, нивното значење за јавниот интерес во културата, нивната релевантност во животот на граѓаните, поддршка на автори од различни етнички заедници, стимулирање на креативни млади творци, на ранливи и маргинализирани групи, како и реално вреднување на трудот за да се заштити достоинството на авторот.
Нашата земја е мултикултурна, вредност која сите заедно мора да ја негуваме и почитуваме.