Распишан Конкурс за доделување на државната награда „22 Ноември”

од admin_kult

Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември” распиша конкурс за нејзино доделување за 2021 година.

Со државната награда „22 Ноември” се оддава признание на луѓе од политичкиот, културниот општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој  придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебно разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери, во Република Северна Македонија.

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Државната награда под условите утврдени во конкурсот може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и иинституции од странство.

На наградениот поединец му се доделува: диплома и паричен износ, а на  секој член на наградена група творци или екипа им се доделува диплома и подеднаков дел од паричниот износ. На наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета.

Паричниот износ на државната награда „22 Ноември” изнесува пет (5) просечни месечни плати во Република Северна Македонија исплатени во последните три месеци на тековната година.

Државната награда „22 Ноември“ се доделува, по правило, секоја година, а во една година може да се доделат најмногу до две награди.

Иницијатива за доделување на државната награда “22 Ноември” може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.   Подносителите на иницијатива за доделување на државната награда треба подробно да ја образложат иницијативата. Во текстот треба да се содржани и прецизни биографски податоци, точна адреса на живеење (адреса-улица, број, место, град, држава), податоци за остварените резултати во областа во којашто е постигнато остварувањето и други податоци што се смета дека ќе придонесат во оценувањето. Подносителот на иницијативата мора да го наведе своето целосно име и презиме, назив, фирма, адреса и телефон. Текстот на иницијативата (комплетиран) треба да се достави во 20 примероци, а трудови (книги, публикации и сл.) се третираат како прилози и треба да се достават во два (2)  примерока.

Конкурсот трае од  13 август до 13 септември 2021  годинa, а адресата на којашто треба да се достават иницијативите е: Министерство за култура на Република Северна Македонија – Одбор за доделување на државната награда “22 Ноември”, ул.”Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61 – Скопје, Република Северна Македонија.

Иницијативите и прилозите (трудови, книги, публикации и сл.) доставени по утврдениот рок за прием, како и некомплетираните иницијативи нема да бидат разгледувани од страна на Одборот.

 

 

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе