Промоцијата на книгата „Ќе фатит бран” од поетесата Долорес Атанасова-Лори ќе се одржи на платото пред МКЦ на 5 јуни (сабота) со почеток во 20:00 часот. На промоцијата ќе говорат Јане Чаловски, издавач, и Биљана Стојановска, рецензент на книгата, а стихови ќе читаат поетите: Ана Голејшка-Џикова, Снежана Стојчевска, Андреј ал-Асади и Јосип Коцев. Музиката за промоцијата е на Горан Атанасов, а видеото го подготви Гала Атанасова.
Долорес Атанасова-Лори е четвртиот добитник на наградата „Тодор Чаловски“, што ја доделува Здружението за култура, литература и уметност „Галикул“ од 2016 година како признание од областа на поезијата, книжевната критика, есеистиката и креативните прозни форми во знак на почит и сеќавање кон ликот и делото на својот основоположник и еден од најистакнатите современи македонски писатели – поет, литературен критичар, преведувач и есеист – Тодор Чаловски (1945 – 2015).