Продолжува поддршката на Креатива Европа Медиа во македонскиот филм

од admin_kult

Со поддршка на 56 проекти, две изданија на меѓународниот филмски фестивал „Браќа Манаки” и пет изданија на фестивалот за документарни филмови „МакеДокс”, Креативна Европа Медиа Деск Македонија, го заокружи првиот циклус од четири години соработка и кофинансирање на македонските филмски проекти, во соработка со Агенцијата за филм.

За време на овој прв период 2016-2020, користејќи ги ресурсите на Креативна Европа Медиа, четири кино сали од Северна Македонија станаа дел од мрежата Europa Cinemas. Во оваа мрежа се вклучени Кино Милениум, Кино Фросина, Кинотека на Северна Македонија и Центар за култура – Битола. Исто така, за време на овој период многу европски филмови беа дистрибуирани до македонскиот гледач и обратно, а македонските филмови добија и поддршка во дистрибуцијата.

Новата програма на Креативна Европа 2021 – 2027 е со зголемен буџет кој изнесува 2.4 милијарди евра.

Во знак на заокружување првиот циклус, а во рамките на Денови на креативна Европа, МЕДИА организира низа на проекции на филмови кои се поддржани од МЕДИА и Агенцијата за филм. Проекциите ќе бидат во Скопје (МКЦ), Центар за култура – Битола, EU House Струмица и EU House Крива Паланка.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе