Ве известуваме дека денеска, 24. 2. 2021 година (среда) со почеток во 12:00 часот, во Владата на Република Северна Македонија, прес-конференција ќе одржи министерката за култура, Ирена Стефоска. На прес-конференцијата, министерката Стефоска ќе информира за објавувањето на Резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година по дејности и области.
Прашањата за оваа прес-конференција може да ги испратите на адресата на Секторот за следење, развој и логистичка поддршка на Министерството за култура на info@kultura.gov.mk најдоцна 30 минути пред почетокот на истата, со нагласување на медиумот од кој доаѓа прашањето и назнака дека прашањето се однесува за оваа прес-конференција.
Акредитираните новинари за онлајн видео вклучување ќе имаат можност за учество на прес-конференцијата во живо.