На 16 јуни, среда, во Големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев”, со почеток во 20 часот, Народниот театар – Охрид, премиерно ќе ја изведе претставата „Крик за љубов“ од Жозиен Баласко, во режија на Љупчо Ѓоргиевски.
Во претставата играат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Ивица Цоневи и Горан Стојаноски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, а костимографија на Андреј Ѓоргиевски.
Со оваа претстава Народен театар – Охрид одбележува 10 години постоење.