Во Радовиш денеска свечено ќе биде отворено 47. издание на Меѓународната поетска манифестација „Караманови средби“.
Средбите продолжуваат со поетски интервали за Ацо Шопов „ И можеби ти ќе дојдеш тогаш“ кои ќе ги читат Игор Чапов и Јовица Илиќ, а потоа ќе се одржи поетски мозаик со македонски и странски поети преку видео обраќања.
Манифестацијата продолжува утре со промоција на поезијата на двајцата годинашни лауреати-Маи Ван Фан од Виетнам и Раед Анис Ал-Јиши од Саудиска Арабија, добитници на интернационалната награда за поезија „Ацо Караманов 2020“.
Поетската манифестација „Караманови средби“ завршува со тркалезна маса на тема „Младите и новите трендови во македонската книжевност“, промоција на Зборникот поезија од деца и младинци учесници на годинашната манифестација и со читање на наградените творби.