Скопје и оваа година ќе биде домаќин на музичкиот фестивал „Андерфест“ кој почнува вечер со: „The Smokey house“, „Fiction“ од Скопје, „The Chicks“, „High Voltage“ од Охрид, како и раперот Матеј Фолц. Главни изведувачи ќе бидат познатите Културно уметнички работници.
Прогресивниот музички фестивал оваа година ќе понуди дводневно комплетно уживање и ќе се одржи на 2 и на 3 октомври во потпокривот на „Јавна соба“ во Скопје, а влезот за двата фестивалски дена ќе биде бесплатен со претходно резервиран билет и редуцирана публика, најмногу до 30 проценти. Настанот ќе биде пренесуван во живо на официјалниот Јутјуб-канал на „Андерфест“.
Вториот ден на сцената ќе свират: „Sincrest“ од Кичево, алтернативната група „Cruel“ oд Скопје, „Live wire“, „Reinconnected“, „Пепел“. Главни изведувачи на вечерта ќе бидат „Паркети“ од Битола.
Настанот се реализира со поддршка од Министерството за култура, Град Скопје, Jameson и Celia.