Отворање на изложбата „Сертификат за кафе“ на Башким Меџити во „Мала станица“

од admin_kult

Во мултимедијалниот центар „Мала станица“ вечер ќе биде отворена самостојната изложба на ликовниот уметник и редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при Државниот универзитет во Тетово, Башким Меџити.

Изложбата, која го носи насловот „Сертификат за кафе“ заради триптихот кој е создаден во време на глобалната пандемија, ќе ја отвори директорката на Националната галерија,  Дита Старова-Ќерими.

Меџити дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Приштина (Косово) каде што и магистрирал. Добитник е на повеќе награди и признанија, а остварил над петнаесетина самостојни изложби во државава и во странство. Бил прв претседател и еден од иницијаторите за формирање на Здружението на ликовни уметници „Драудакум“ (Draudacum) од Гостивар, основач на Факултетот за ликовна уметност при Универзитетот во Тетово. Активно се занимава со сликарство и вајарство.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе