Во мултимедијалниот центар „Мала станица“ вечер ќе биде отворена самостојната изложба на ликовниот уметник и редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при Државниот универзитет во Тетово, Башким Меџити.
Изложбата, која го носи насловот „Сертификат за кафе“ заради триптихот кој е создаден во време на глобалната пандемија, ќе ја отвори директорката на Националната галерија, Дита Старова-Ќерими.
Меџити дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Приштина (Косово) каде што и магистрирал. Добитник е на повеќе награди и признанија, а остварил над петнаесетина самостојни изложби во државава и во странство. Бил прв претседател и еден од иницијаторите за формирање на Здружението на ликовни уметници „Драудакум“ (Draudacum) од Гостивар, основач на Факултетот за ликовна уметност при Универзитетот во Тетово. Активно се занимава со сликарство и вајарство.