Општина Велес распиша конкурс за наградата „Рациново признание“ за 2021

од admin_kult

Општина Велес распиша конкурс за наградата „Рациново признание“ за 2021 година. Наградата се доделува за прозни литературни остварувања на автори од земјава објавени во периодот меѓу две манифестации „Рацинови средби“.

Право на учество на конкурсот имаат сите автори и издавачи кои во периодот од јуни 2020 година до мај 2021 година објавиле прозни дела на македонски автори.

Делата се доставуваат во три примероци на адресата: Општина Велес, ул. „Панко Брашнар“ бр. 1, 1400 Велес, со назнака „За конкурсот за доделување на наградата ’Рациново признание‘ за 2021 година“. Делата треба да се достават на оваа адреса најдоцна до 25 мај 2021 година.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе