Книгата „Да се почне одново“ од театрологот и универзитетски професор Драган Клаиќ ќе биде онлајн промовирана денеска на фејсбук-страницата на „Литература.мк“.
Разговорот ќе биде со пензионираната професорка на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Јелена Лужина која воедно го преведе ова дело на македонски јазик.
Книгата е во издание на „Арс Либрис“, а онлајн-промоцијата ќе ја води уредникот на книгата, Ведран Диздаревиќ.
Поднасловот на делото е „Промена на театарскиот систем“ и авторот Драган Клаиќ пред сè се занимава со прашањето „Како театарските куќи, трупи, простори, фестивали, студии, како и инфраструктурата која ги поддржува, може да се одржат во конкуренција со комерцијалната забава?“