Одбележани Деновите на македонската култура во Шибеник

од admin_kult

Со изложбата „Слика која зборува“ од уметникот и педагог Оливера Вапска, како и со други бројни активности во петокот и саботата,  во организација на невладината организација Хрватско-македонска тангента беа одбележани Деновите на македонската култура во Шибеник.

На отворањето на манифестацијата  пред присутните се обратија и Ермина Лекај Прљаскај, пратеничка во Хрватскиот сабор, која го застапува и македонското национално малцинство во Хрватска, Назиф Џафери, вршител на должноста во македонската амбасада во Загреб и покровителот на настанот д-р Жељко Буриќ, градоначалник на Градот Шибеник.

По повод  Деновите на македонската култура во Шибеник,  министерката за култура Ирена Стефоска упати поздравно писмо во кое нагласи дека богатството на која било земја е нејзиниот народ, а големината и богатството на еден народ, пак, се состојат во неговиот капацитет да ги збогати и другите народи, односно целата цивилизација.

„Македонската култура, за наша среќа, е еден од нашите најважни извозни продукти, најзначајното нешто со што располагаме, нешто со што можеме да бидеме препознаени и прифатени во светски контекст. Таа наша култура се засновува врз отвореноста кон другите култури, таа е силен генератор на размена на креативна енергија, таа нè прави она што сме и ги проектира насоките за нашата иднина“, наведе меѓу другото македонската министерка за култура.

Вториот ден од Деновите на македонската култура беа во знакот на книжевноста и македонската гастрономија.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе