Објавени резултатите од меѓународниот стрип – конкурс „ВЕЛЕС 2020“

од admin_kult

Стрип-центарот на Македонија – Велес ги објави наградените стрипови од традиционалниот, 18. меѓународен стрип-конкурс Велес 2020.

„Постигнат е и квантитет и квалитет, македонската стрип-сцена има солидна кадровска перспектива, но потребна е финансиска поткрепа за натамошни активности, како: стрип-школи, изданија, изложби, фестивали, меѓународна размена итн.“, велат од Стрип-центарот.

Со парична награда обезбедена од страна на Општина Велес, првото место „Златен стрип“ го освоија: Марко Стојановиќ, Милорад Вицановиќ-Маза и Аљоша Томиќ.

Второто место го делат Дејан Богојевиќ од Ваљево (сценарио), Ана и Сара Живковиќ од Белград (цртеж и колор) за стрипот „Напад“ и Даниел Данил од Романија за стрипот „Clocociov“.

Катерина Тери Николова (цртеж) и Александар Стеванов за стрипот „Приказна за безбојното мече“ го добија третото место, кое го освои и Исмет Ердиќ од Босна и Херцеговина за стрипот „Превид“.

Наградата за најдобар македонски стрип му припадна на Ѓорги Антевски од Куманово за стрипот „Катарза“, додека, пак, наградата за најдобар дебитантски стрип ѝ припадна на Јована Ангелковска од Брвеница за стрипот „Умрев на зајдисонце“.

Годинава, поради состојбата со корона-вирусот, намален е бројот на пријавени стрипови од странство, освен од балканските земји. Од нив, најмногу пријавени има од Албанија. Од вкупно пријавените 176 автори, 106 се од нашата држава.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе