Објавена монографија за живописот од 19 век во Струга и во Струшко

од admin_kult

Монографијата „Живописот од XIX век во Струга и Струшко“, што неодамна ја издаде „Каламус“ во својата едиција „Културно наследство“, се засновува врз научните резултати од повеќегодишните истражувања на уметноста од 19 век во Струшко, со кои авторот, историчарот на уметноста Сашо Цветковски, има опфатено триесетина цркви по долината на реката Дрим, Струга, по крајбрежјето на езерото, Долни и Горни Дримкол, како и во пределите на струшката Малесија.

Во монографијата, Сашо Цветковски открива и проучува обемен материјал, што е малку испитуван досега, во доменот на фрескоживописот, иконописот, резбата, графичката и применетата уметност. Неговите истражувања открија дека пределите околу Струга се вистинска ризница на уметноста од 19 век и, веројатно, една од најзначајните целини во уметноста од времето на преродбата. За ова сведочат многубројните цркви со усогласена архитектура, резбаните иконостаси, како и многубројните икони сликани од познати зографи. Содржината на оваа обемна монографија е изложена низ три поглавја: две посветени на иконописот и фрескоживописот и едно поглавје посветено на црковно-историските околности во Струшко, а следуваат поглавјата со завршни разгледувања, библиографија и пошироко резиме на англиски јазик, илустрации и цртежи. Таа завршува со извадок од рецензијата на академик Цветан Грозданов, во чиј спомен, авторот ја посветува оваа книга.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе