Oнлајн сесија за вмрежување за повикот на Креативна Европа за категоријата „Европски проекти за соработка“ за 2025 година

од admin_kult

Доколку планирате да аплицирате за тековниот повик на програмата Креативна Европа за категоријата „Европски проекти за соработка“, а сѐ уште ви недостигаат еден или повеќе партнери, канцелариите на Креативна Европа со задоволство ве покануваат да се придружите на онлајн сесијата за вмрежување што ќе се одржи на 13 март (четврток) од 11:00 до 13:00 часот по средноевропско време (CEST). На сесијата ќе бидат претставени неколку предлог-проекти од цела Европа.

Повикот за категоријата „Европски проекти за соработка поддржува проекти во кои учествуваат организации од културниот и креативниот сектор од различни земји, без разлика на нивната големина, за спроведување  секторски или меѓусекторски активности. Проектите треба да имаат јасна европска димензија.

Повеќе информации за состанокот можете да најдете на:

https://forms.office.com/e/QqiWM0d7xf.

Вашата регистрација ќе биде автоматски потврдена, а зум-врската ќе ви биде испратена еден ден пред настанот.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе