„Нови правила“ е насловот на изложбата на косовската авторка Заке Прелвукај, која ќе биде достапна за љубителите на ликовната уметност од 18 мај до 31 мај годинава во Националната галерија на Република Северна Македонија – објект Чифте амам. Официјалното отворање е закажано за 25 мај во 14 часот, во Чифте амам, со изведба на перформанс. По отворањето на изложбата, во 15 часот ќе се реализира и разговор со уметницата.
Изложбата содржи дваесетина дела изработени со разновидни медиуми, кои обработуваат различни аспекти на денешното општество и на амбиентот од каде што доаѓа, како и горливи социополитички услови на егзистирање и создавање. Куратор на изложбата е Ана Франговска, виш кустос во Галеријата.