Министерството за култура и Националната галерија на Македонија, утре ( 12.5.2021 година ) во 11 часот во НГМ-Даут пашин амам ќе одржат прес-конференција на која ќе биде претставен проектот на националниот претставник на 17. Биенале на архитектурата во Венеција, „Сега“ на бирото за проектирање БИНА.
На прес-конференцијата ќе се обратат: министерката за култура Ирена Стефоска, комесарот на проектот и директорка на Националната галерија на Република Северна Македонија, Дита Старова-Ќерими, и кураторите Бекир Адеми и Јордан Шишовски. Како куратори тие ќе го претстават проектот кој е дело на група коавтори: Ана Рафаиловска, Ивана Чаловска, Енис Абовски, Енес Север, Атанас Наумовски, Амине Адеми, Гаврил Бошковски, Елмедина Хасани, Нита Чавoли, Аида Бакали Салиху и Дрен Невзати.
Тимот на проектот „Сега“, најавува дека се работи за симболична претстава на еден отсечок од мноштвото и непосредна асоцијација на човековата идеја за дом и соживот. Сето ова концептуално открива два аспекти на просторно-временското суштествување, потребата од издвојување и заштита наспроти потребата за симбиотска релација со околината.
Седумнаесеттото издание на Венециското биенале за архитектура, насловено „Како ќе живееме заедно?“, што требаше да се одржи од 23 август до 29 ноември минатата година, поради пандемијата од КОВИД-19, беше одложено за мај годинава.
Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери!