„Музичко патување“ со македонски солисти во Филхармонија

од admin_kult

„Музичко патување“ е насловот на концертот што ќе се одржи вечер во 20 часот. На програмата се: Концертот за кларинет и виола оп. 88 од Брух и Симфонијата бр. 4 –„Италијанска“ од Менделсон. Солисти се Здравко Ангелов (кларинет) и Илза Бафтиари (виола), а диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија.

Македонскиот кларинетист Здравко Ангелов повеќе од 15 години е вработен како прв кларинетист на Националната филхармонија, на што му претходат педагошката работа во Државното музичко училиште во Скопје и двегодишното искуство како соработник на Македонската опера и балет.

Илза Бафтијари има одржано многубројни концерти и рецитали со својот брат Шкељзен Бафтијари, пијанист. Бафтијари работи и во оркестарот на Косовската филхармонија, а од 2020 година е редовно вработена во Македонската филхармонија.

Конрад ван Алфен  е уметнички директор и шеф диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигнал својот оркестар на ниво да биде интернационално признат оркестар и да стане домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и во Амстердам. Исто така, тој е гостин диригент и со оркестрите на добропознатите културни центри во Новосибирск и во Санкт Петербург.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе