„Музички вибрации“ – концерт на Македонскиот квартет труби

од admin_kult

Во фоајето  на НУ ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска (среда), 28 јули 2021 г., од 19 часот, Македонскиот квартет труби ќе одржи концерт со наслов „Музички вибрации“.

Квартетот е составен од четворица дипломирани трубачи на Факултетот за музичка уметност во Скопје (Бојан Митрески од Прилеп и Стојанче Косовски, Гоце Цоневски и Васко Рошков), од кои двајца се и магистри по труба. На концертот ќе бидат изведени композиции од повеќе светски автори, како и две народни песни.

Концертот „Музички вибрации“ е поддржан од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата од областа на музичко-сценската дејност за 2021 година.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе