Министерството за култура и Асоцијацијата на архитекти денес потпишаа меморандум за меѓусебна соработка во областа на архитектурата и заштитата на недвижното културно наследство.
Прва активност овозможена со потпишување на овој Меморандум за соработка, како што информираат министерката Ирена Стефоска, претседателот на ААМ, Мишко Ралев и претседателката на Собранието на ААМ, Искра Јанковска-Михајловска е вклучувањето на тим професионални кадри, чија специјалност е заштита на објекти од културно наследство, во стручното тело при Министерството за поддршка на процесите на Охридскиот регион.
Меморандумот предвидува соработка меѓу Министерството и архитектите во планирање проекти и активности поврзани со архитектурата во областа на заштитата на недвижното културно наследство, како и давање стручни мислења поврзани со архитектурата во проектите што Министерството ќе ги спроведува за заштитата на културното наследство.