Согласно со член 8 од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06 и 54/07), со наградата „Мајка Тереза“ се оддава признание за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката меѓу народите и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
Во една година можат да се доделат најмногу до две награди. Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.
Конкурсот трае од 1 до 30 април.
Државната награда се врачува во Собранието на РСМ на 26 август – Ден на раѓањето на Мајка Тереза, за прв пат е доделена во 2006 година.