Конкурс за кофинансирање проекти за соработка за земјите од Западен Балкан

од admin_kult

Ве информираме дека денеска (1 јуни) во печатените изданија на „Слободен печат“ и „Коха“ и на веб-страницата на Министерството за култура е објавен Конкурсот за учество во финансирање проекти на правни лица од Република Северна Македонија кои се поддржани од пилот-проектот на Извршната агенција за образование и култура на Европската Унија: Проекти за соработка во Западен Балкан „Зацврстување на културната соработка и конкурентноста на културните и креативните индустрии во Западен Балкан“ за 2021 година.

Министерството за култура во 2021 година ќе учествува во финансирањето на проектите на правните лица од Република Северна Македонија кои се вклучени како проектни партнери од нашата држава (во својство на носители или коорганизатори) и кои се поддржани преку пилот-проектот и повикот од Извршната агенција за образование и култура на Европската комисија: Проекти за соработка во Западен Балкан „Зацврстување на културната соработка и конкурентноста на културните и креативните индустрии во Западен Балкан“.

Конкурсот е отворен од денот на неговото објавување заклучно со 30.6.2021 година.

Конкурсот и Пријавата се достапни на следнава веб-адреса:

kultura.gov.mk

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе