Фестивалот на класична музика „Интерфест“ кој од 3 до 12 октомври се одржува во Битола, вечерва продолжува со концерт на битолскиот камерен оркестар и гостинот од Турција, познатиот музичар на флејта, Булент Евцин.
Концертот ќе се одржи во салата на битолскиот театар каде ќе бидат изведени дела од Хендл Вивалди, Бричалди и Чајковски.
Според фестивалската програма, до 12 октомври целовечерени концерти ќе одржат и македонските уметници Билјана Димовска, Татјана Божиновска, Зоран Сотировски, Владимир Саздовски и Иван Еминовиќ кои ќе настапат на 7. и 8. октомври, а до крајот на фестивалот освен македонски уметници, пред публиката во Битола ќе настапат и уметници од Албанија, Русија, Австрија и Казакстан.
За време на 29. издание на интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ ќе се одржат и две мајсторски школи кои ќе ги приредат Ајман Мусакаџајева УНЕСКО артист и професорка за виолина, и на професорот по труба, Васо Ристов и професорот за дувачки инструменти, Кирил Рибарски.