Вчеравечер во Сули ан се одржа вокално-инструментален концерт на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“. Концертот на „Танец“ беше во рамките на 43. издание на фестивалот „Скопско лето“.
Програмата на фестивалот предвидува 30 настани, меѓу кои: музички настани, театарски претстави, изложби, фотоизложби, програми за деца. И оваа година основата на програмата ја претставуваат нашите домашни уметници, но има и богат избор на меѓународни програми.