Изложбата „Голем формат II“, oд колекцијата на Музејот на современата уметност Скопје (МСУ), ќе биде отворена за посетители од денеска сѐ до почетокот на јуни.
На изложбата се претставени уметнички дела во голем формат – слики, инсталации и скулптури – од девет автори. Селекцијата на делата од колекцијата на МСУ ја направи кустосот Благоја Варошанец.
Во третата изложбена галерија од Музејот се изложени дела од: Могенс Андерсен, Елизабета Аврамовска, Жанета Вангели, Бернхард Гарберт, Рене Дивије, Исмет Рамиќевиќ, Петар Хаџи Бошков, Анџело Титонел и Симон Шемов.
„Голем формат II“ е изложба на дела од колекцијата од македонски и странски автори, која се однесува на односот на уметничкото дело во релација со архитектонскиот простор и набљудувачот.