Изложба во Центарот за култура во Дебар

од admin_kult

На 22 септември во 12 часот во просториите на Центарот за култура во Дебар ќе биде отворена самостојна изложба на академскиот сликар Адем Сулејманоски.

На изложбата, кој ќе биде достапна за посетителите до 25 септември,  ќе бидат претставени 19 дела од кои 10 дела се мозаици изработени со природен камен во техника директен мозаик, додека  9 слики се изработени масло на платно и акрил на платно – комбинирана техника.

Адем Сулејманоски е академски сликар од Ростуше. Училиште за применета уметност завршил во 1980 година, Факултет за ликовни уметности-сликарство во 1985 година, додека последипломски студии  – сликарство во 2010 година.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе