Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово денеска (14 мај), со почеток во 12 часот, ќе биде отворена изложба на слики од Меѓународната ликовна колонија „Неготино 2020“.
На изложбата ќе бидат претставени околу триесетина слики од авторите учесници на Колонијата, а посетителите ќе имаат можност да се запознаат и со повеќе детали и од печатениот каталог што ќе биде дистрибуиран.
Меѓународната ликовна колонија „Неготино“ во изминатите две години се одржуваше во последната недела од јуни, во манастирскиот комплекс „Св. Ѓорѓи“ во Неготино.
Проектот е поддржан од Министерството за култура и од Општина Неготино, а е во организација на општинската установа Музеј на град Неготино.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 26 мај.