Во галеријата „Остен“ денеска (3 ноември) во 19:00 часот ќе биде отворена 53. Светска галерија на карикатури, на која ќе бидат изложени 32 карикатури од номинираните и наградени карикатуристи во рамките на проектот „ЕУ – Работа во тек“ организиран во партнерство со Гете-институтот од Скопје.
Во рамките на проектот ќе се одржи и работилница за млади карикатуристи од регионот, а предавач е Лук Десхимакер од Белгија, додека, пак, в четврток во ЕУ-инфоцентарот во Скопје ќе се одржи и панел-дискусија на тема „Надежи и стравови за пристап до ЕУ – преку острото око на карикатуристот“.
Настаните ќе се реализираат со почитување на сите протоколи за организирање јавен настан.