Почина македонскиот ликовен уметник Јован Балов (61), кој живееше и твореше во Берлин, Германија.
Јован Балов имаше амбасадорска улога за македонската култура кога во 2004 година во Берлин ја отвори галеријата „Прима центар“, каде што на негова иницијатива се одвиваше интензивен ликовен живот на уметници од Македонија и од регионот.
За својата активност, тој е одликуван со признанието „Херој на балканската култура“ во 2007 година во Атина.
Во 40-годишната уметничка кариера Балов реализирал многубројни проекти и изложби во Германија, Русија, Словенија, Франција, Грција, Австрија, Полска, Финска, Израел, Англија, Србија, Италија и во многу други земји. Последното претставување е закажано за 21 октомври во групна изложба во галерија во Берлин.