Во рамките на фестивалот „Денови на македонската музика“, Филхармонијата вечер, со почеток во 20 часот, ќе одржи концерт со наслов „Гравитациски бранови“.
На концертот ќе прозвучат делата: „Lamento per Macedonia“ од Ристо Аврамовски, Циклусот за гудачки оркестар „Езера“ од Панде Шахов, „Темпера 4“ од Тома Прошев, „Aurora Musis Amica Est“ од Горан Начевски и Циклусот за гудачки оркестар „Акварел“ од Михаило Трандафиловски.
Делата на Шахов и на Трандафиловски на овој концерт ќе ја доживеат својата праизведба.
Со оркестарот на Филхармонијата ќе диригира маестро Сашо Татарчевски, а како солист ќе настапи Горан Начевски.