Фридман и Сакари Линдстет добитници на Рациново признание

од admin_kult

Добитници на годинашното почесно Рациново признание се професор доктор Виктор Фридман од Чикаго, САД, и професор доктор Јоуко Сакари Линдстет од Хелсинки, Финска.

– Организацискиот одбор на Рациновите средби одлучи Виктор Фридман, светски познат лингвист, македонист и славист, редовен професор по славистика  и македонстика на Универзитетот во Чикаго, да го добие ова признание, заради неговите заслуги за македонскиот јазик, македонската лингивистика и македонистика во САД и светот, информираше градоначалникот Аце Коцевски.

Професор  Јоуко Сакари Линдстет, професор по филологија на Унверзитетот во Хелсинки од 1986 година е учесник во проектот „Денешната лингвистичка мапа на западниот дел од регионот Виа Игнација”, раководител и главен истражувач на значајниот проект „Кониковско евангелие” и на многу други проекти.

Организацискиот одбор одлучил поради состојбата со Ковид-19, Рациновите средби да се одржат, од крајот на септември до крајот на октомври, со поинаква организација, а тоа ќе значи и нивно осовремување и модернизирање.

 

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе